„ЖИКОЛ“ СЕ ЗАКАНУВА СО ТУЖБИ, СЕЛАНИТЕ ПОБАРАА ИЗВИНУВАЊЕ ОД КОМПАНИЈАТА ЗА ЗАГАДУВАЊЕ НА ИЗВОРИТЕ ВО ВОЛКОВИЈА

a:1:{s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    „ЖИКОЛ“ СЕ ЗАКАНУВА СО ТУЖБИ, СЕЛАНИТЕ ПОБАРАА ИЗВИНУВАЊЕ ОД КОМПАНИЈАТА ЗА ЗАГАДУВАЊЕ НА ИЗВОРИТЕ ВО ВОЛКОВИЈА

    Градежната фирма „Жикол“ се закани со тужба и побара од САКАМДАКАЖАМ.МК да се извини за текстот „Градежници фрлиле хемикалии и ѓубре во изворите за вода во Волковија“ објавен на 26 февруари и во демантот тврди дека користела хемикалии при дупчењето за структурни дупнатини близу изворите за вода.

    Од друга страна, во допис до медиумите испратен на 1 март жителите на тетовското село Волковија од општина Брвеница побараа од градежната фирма да се извини, а не да ја лаже јавноста со деманти и закани за тужби.

    „Жикол“ во близина на Волковија гради воспитно-поправен дом за малолетници според договор со Управата за извршување на санкции како инвеститор.

    Жителите на Волковија побараа институциите да преземат мерки за да се спречи загрозувањето на изворите за вода за пиење во нивното село. „Кога пред два дена видовме што се случува овде, на изворите од каде нашето село се снабдува со вода, се вчудоневидовме. Проаѓале со булдожери, копале со бушилки, целата вегетација покрај изворите ја уништиле, фрлале некои хемикалии кои сега директно се слеваат во изворите и ја заматуваат водата. Замислете тука, во извориштето, најдовме фрлени конзерви, прибор  за јадење, празни вреќи од цемент и купишта најлони  кои работниците што тука копале, едноставно си ги фрлиле во изворот. Изворите ни ги направија права депонија. За ова  веднаш ја алармиравме полицијата која дојде и изврши увид. Од тука ги повикуваме овде да дојдат и Јавен обвинител и Народен правобранител за да интервенираат и да ја спречат оваа катастрофа што ни се подготвува“, рече Русе Михајлоски, претседател на Месната заедница Волковија.

    Во писмената реакција од „Жикол“ тврдат дека на локацијата во Волковија работат врз основа на одобрение за градба „во кое е опфатена и изградбата на бунарска пумпна станица и пречистителна станица“.

    „Структурните дупнатини кои се од страна на компанијата ангажирана за вршење таков вид активности се вршени согласно Основниот проект одобрен од Министерството за правда – Управа за извршување на сaнкциите каде се дадени точни напaтствија за начинот и местото на вршење на структурните дупнатини. При бушењето не се употребuвани хемикалии со кои би се загадиле изворите за вода“, велат од „Жикол“ и тврдат дека работат согласно одобрението за градење во кое меѓу другото е опфатен и елаборат за заштита на животната средина.

    Од „Жикол“ се заканија со тужба против „САКАМДАКАЖАМ.МК“  иако демантот беше објавен на 27 февруари: „Градежниците тврдат дека не фрлиле хемикалии во изворите на Волковија“.

    По објавувањето на демантот, со контрадемант се јавија и жителите на селото Волковија кои ги повторија обвинувањата за загадувањето од градежната фирма и за сечата на дрва.

    „Недозволиво е градежната фирма Жикол наместо да се извини за тешкиот престап со кој неколку денови ги уништуваше изворите за вода за пиење во село Волковија преку соопштение за јавноста да лаже и манипулира со фактите“, стои во дописот до медиумите испратен на 1 март од жители на село Волковија.

    „Градежната фирма имаше внесено во самото извориште тешка механизација која отвараше пат низ самиот извор и други бушилици, багери и камиони. Водата беше целосно заматена, истурени вреќи со цемент и други хемикалии, остатоци од конзерви и друг шут се наоѓаа во извор за вода за пиење, а истото со увид на лице место го утврди и полицијата, како и многуте новинарски екипи. Токму поради недозволеноста за ваквите активности како и нивната опасност тие беа присилно сопрени од населението и полицијата. Жикол исто така лаже кога вели дека не направил штета врз столетна дабова шума на црковниот имот на манастирот Св. Георгиј Победоносец, бидејќи истото е повеќе пати пријавувано во полиција и за секој инцидент постои записник“, стои во дописот на селаните.

    .

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира