РУСИЈА ИЗВРШИ МАСОВЕН НАПАД ВРЗ УКРАИНА СО СТОТИЦИ ДРОНОВИ И РАКЕТИ, НАЈМАЛКУ 4 ЗАГИНАТИ, ПОЛСКА ГИ КРЕНА БОРБЕНИТЕ АВИОНИ

    РУСИЈА ИЗВРШИ МАСОВЕН НАПАД ВРЗ УКРАИНА СО СТОТИЦИ ДРОНОВИ И РАКЕТИ, НАЈМАЛКУ 4 ЗАГИНАТИ, ПОЛСКА ГИ КРЕНА БОРБЕНИТЕ АВИОНИУништени станбени објекти во Киев. (Фото: Ројтерс)

    Најмалку четири лица загинаа, меѓу кои и 12-годишно девојче, а најмалку 10 се повредени во масовните руски напади со стотици дронови и проектили врз Украина во неделата. Поради нападите, Полска ги активираше своите борбени авиони за да го обезбеди својот воздушен простор.

    Во текот на нападот, тревога за воздушен напад беше на сила во регионот на Киев.

    „Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украинските градови додека луѓето спиеја. Повторно, стотици беспилотни летала и проектили уништуваат станбени згради и предизвикуваат цивилни жртви“, напиша на Икс украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха.

    Шефот на воената администрација на главниот град, Тимур Ткаченко, првично соопшти за три жртви, вклучувајќи го и 12-годишното девојче, но набрзо бројот се зголеми на четири откако беше пронајдено уште едно тело.

    Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, изјави дека главниот град е под „масовен“ напад и ги повика граѓаните да останат во засолништата. Тој потврди дека најмалку шест лица се повредени во главниот град. Гувернерот на југоисточниот регион Запорожје, пак, соопшти дека во руските напади таму се повредени најмалку четири лица.

    „Уште еднаш се погодени станбени згради и инфраструктура. Уште еднаш, тоа е војна против цивили“, изјави Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател.

    Како одговор на нападите во соседна Украина, полската војска соопшти дека превентивно ги активирала борбените авиони и ги ставила копнените системи за противвоздушна одбрана во состојба на готовност за да го обезбеди полскиот воздушен простор. Полска, исто така, го затвори воздушниот простор во близина на нејзините југоисточни градови Лублин и Жешов.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира