СРБИЈА УАПСИ 11 ЛУЃЕ КОИ ОСТАВАЛЕ СВИНСКИ ГЛАВИ ПРЕД ЏАМИИ ВО ПАРИЗ

    СРБИЈА УАПСИ 11 ЛУЃЕ КОИ ОСТАВАЛЕ СВИНСКИ ГЛАВИ ПРЕД ЏАМИИ ВО ПАРИЗПолициската истрага во Франција откри дека свинските глави биле ставени од странски државјани кои веднаш ја напуштиле земјата (Фото: АФП)

    Српската полиција уапси 11 лица кои оставале свински глави пред џамии и оштетиле одредени еврејски места во и околу Париз, што го правеле по наредба од странска разузнавачка агенција, објави српското министерство за внатрешни работи.

    Покрај тоа што оставиле свинска глава пред девет џамии, уапсените се сомничат и дека фрлиле зелена боја врз Музејот на Холокаустот, неколку синагоги и врз еврејски ресторан во Париз и дека поставиле бетонски „скелети“ пред Бранденбуршката порта во Берлин. Од министерството кажаа дека сите уапсени биле обучувани во Србија.

    Лицето за кое се верува дека ги тренирало по налог на странска разузнавачка агенција е во бегство. Нивната цел беше да шират идеи што заговараат и поттикнуваат омраза, дискриминација и насилство“, се вели во соопштението.

    Не е наведено за која разузнавачка служба станува збор и која е националноста на избеганиот.

    Полициската истрага во Франција откри дека свинските глави биле ставени од странски државјани кои веднаш ја напуштиле земјата. Тројца Срби обвинети за врски со „странска сила“ беа уапсени откако синагогите и Музејот на Холокаустот беа обоени со зелена боја во мај. Сите злосторства се извршени од април до септември 2025.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира