АМЕРИКАНСКАТА ВОЈСКА МОРА ДА ГО ПОДИГНЕ ВОИНСТВЕНИОТ ДУХ, НЕМА ВЕЌЕ ДЕБЕЛИ ГЕНЕРАЛИ, КАЖА ХЕГСЕТ НА СОБИРОТ НА СТОТИЦИ ВОЕНИ ЗАПОВЕДНИЦИ

    АМЕРИКАНСКАТА ВОЈСКА МОРА ДА ГО ПОДИГНЕ ВОИНСТВЕНИОТ ДУХ, НЕМА ВЕЌЕ ДЕБЕЛИ ГЕНЕРАЛИ, КАЖА ХЕГСЕТ НА СОБИРОТ НА СТОТИЦИ ВОЕНИ ЗАПОВЕДНИЦИСтотици воени заповедници, генерали и адмирали стационирани низ целиот свет беа повикани без објаснување (Фото: АП)

    Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет објави дека американската војска ќе бара од борците да ги исполнуваат највисоките машки стандарди на тестовите за физичка подготвеност, признавајќи дека овој потег може да исклучи некои жени од службата.

    „Стандардите мора да бидат унифицирани, родово неутрални и високи“, рече Хегсет на собирот на стотици американски воени офицери во базата во Квантико, Вирџинија.

    Тој ги критикуваше „дебелите генерали“ и иницијативите за различности, за кои рече дека довеле до повеќедецениското пропаѓање на војската и им порача на оние кои не ја поддржуваат неговата агенда да поднесат оставка.

    Глупавите и неодговорни политички лидери поставија погрешен правец на компасот и го изгубивме патот. Станавме ‘воук оддел‘, но не повеќе“, рече Хегсет.

    Стотици воени заповедници, генерали и адмирали стационирани низ целиот свет беа повикани без објаснување минатата недела, што поттикна шпекулации. Тие во тишина слушаа како Хегсет и Доналд Трамп ги изложуваат своите визии за културна промена во Пентагон и за поголем „воинствен етос“.

    Хегсет го критикуваше изгледот на војниците со прекумерна тежина, велејќи дека е неприфатливо да се гледаат дебели генерали и адмирали во Пентагон.

    „Сите тестови за физичка подготвеност ќе бидат поставени само според машките критериуми. Ерата на непрофесионален изглед е завршена. Крај на брадите“, рече Хегсет.

    Трамп кажа дека ќе отпушта воени заповедници ако не му се допаднат.

    „Сè се базира на заслуги. Нема да дозволиме некој да го заземе вашето место од политички причини, бидејќи тие се политички коректни, а вие не сте. Јас сум со вас. Како претседател, ве поддржувам 100%. Заедно, го будиме воинствениот дух. А, ова е духот што ја освои и изгради оваа нација“, рече Трамп.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира