ИТАЛИЈА ЈА ПОВЛЕЧЕ ЗАШТИТАТА ЗА ФЛОТИЛАТА КОЈА САКА ДА ДОСТАВИ ПОМОШ ВО ГАЗА, ИЗРАЕЛ НАЈАВИ АКЦИЈА ПРОТИВ БРОДОВИТЕ

    ИТАЛИЈА ЈА ПОВЛЕЧЕ ЗАШТИТАТА ЗА ФЛОТИЛАТА КОЈА САКА ДА ДОСТАВИ ПОМОШ ВО ГАЗА, ИЗРАЕЛ НАЈАВИ АКЦИЈА ПРОТИВ БРОДОВИТЕГлобалната флотила „Сумуд“ се состои од повеќе од 40 цивилни бродови со над 500 луѓе (Фото: АФП)

    Италија кажа дека го повлекла воениот брод што ја следеше меѓународната флотила која се обидува да ја прекине поморската блокада на Газа и да достави помош, оставајќи ја ранлива на израелски напади. Италијанската премиерка Џорџа Мелони ја повика флотилата да запре, сметајќи дека нејзината хуманитарна мисија би можела да ги поткопа надежите за мир.

    Глобалната флотила „Сумуд“ се состои од повеќе од 40 цивилни бродови со над 500 луѓе, меѓу кои се пратеници, адвокати и шведската активистка Грета Тунберг. Италија најави дека нејзиниот брод ќе се повлече откако конвојот ќе се доближи на 278 километри од брегот на Газа.

    Рим ги повика членовите на флотилата да прифатат компромисен договор и да ја остават помошта во пристаниште во Кипар и со тоа да избегнат конфронтација со Израел.

    „Ќе кажеме повторно: флотилата оди напред. Италијанската морнарица нема да ја попречи оваа мисија. Нашата цел е пробивање на блокадата“, соопшти флотилата.

    Италија и Шпанија испратија воени бродови минатата недела за да ја заштитат флотилата откако таа била нападната од дронови вооружени со шок-бомби и надразнувачи во меѓународните води покрај Грција. Израел не одговори на обвинувањата дека стои зад овие напади, но предупреди дека ќе преземе сѐ што може за да ги спречи бродовите да стигнат до Газа.

    Од флотилата кажаа дека очекуваат нови напади од Израел. Италијанскиот министер за одбрана Гвидо Кросето смета дека флотилата ќе биде пресретната во отворени води, а активистите ќе бидат приведени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира