АЕРОКЛУБОТ ВО БИТОЛА НА 11 ОКТОМВРИ ЌЕ СЛАВИ 100 ГОДИНИ АВИЈАЦИЈА ВО ГРАДОТ

    АЕРОКЛУБОТ ВО БИТОЛА НА 11 ОКТОМВРИ ЌЕ СЛАВИ 100 ГОДИНИ АВИЈАЦИЈА ВО ГРАДОТОд аероклубот, основан во 1930/31 година, произлегоа генерации пилоти, моделари и визионери. (Фото: СДК.МК)

    Аероклубот „Мирко Тодоровски“ на 11 октомври на Спортскиот аеродром крај Логоварди, Битолско ќе прослави еден век летачка традиција и ќе оддаде почит за храбрите ентузијасти што ја иницираа авијацијата во Битола. Од аероклубот, основан во 1930/31 година, произлегоа генерации пилоти, моделари и визионери.

    „Овој јубилеј не е само потсетник на славното минато, туку и ветување за иднината: нови летови, нови авантури и нови генерации што ќе продолжат да ја градат авијацијата во Битола“, велат организаторите на прославата.

    Плакат за лет за Битола од 1935, воведен од компанијата „Аеропут“ која летала на рутата Белград-Скопје-Битола-Солун. Летот за Битола бил во недела.

    Програмата започнува од 11 часот со свечена академија, доделување признанија на заслужни членови и премиера на видеозаписот „100 години Аероклуб“. Денот ќе биде исполнет со летови на авиомоделари, музички настапи и гастрономска понуда.

    „Практично, на 11 октомври градот го селиме од Широк Сокак на саботно корзо на спортскиот аеродром, а влезот ќе биде слободен“, велат организаторите.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира