Американските научници Мери Бранкоу и Фред Рамздел и Јапонецот Шимон Сакагучи се годинашните добитници на Нобеловата награда за медицина. Тие ја добија наградата за нивните откритија во врска со периферната имунолошка толеранција, соопшти Нобеловиот комитет.
Периферна имунолошка толеранција е еден од начините на кој телото помага да се спречи имунолошкиот систем да излезе од контрола и да ги нападне сопствените ткива.
„Лауреатите идентификуваа регулаторни Т-клетки кои функционираат како чувари на имунолошкиот систем и ги спречуваат имунолошките клетки да го нападнат нашето сопствено тело. Нивните откритија беа одлучувачки за нашето разбирање за тоа како функционира имунолошкиот систем и зошто сите не развиваме сериозни автоимуни болести“, рече Оле Кампе, претседателот на Нобеловиот комитет.