ОСУДЕНИК СО АМПУТИРАНА НОГА E СМЕСТЕН НА ТРЕТИОТ КАТ ВО ШТИПСКИОТ ЗАТВОР, ПО РЕАКЦИЈА НА ОМБУДСМАНОТ ГО СИМНАЛЕ НА ПРИЗЕМЈЕ, НО НА ГОРЕН ДЕЛ ОД ДВОСПРАТЕН КРЕВЕТ

    ОСУДЕНИК СО АМПУТИРАНА НОГА E СМЕСТЕН НА ТРЕТИОТ КАТ ВО ШТИПСКИОТ ЗАТВОР, ПО РЕАКЦИЈА НА ОМБУДСМАНОТ ГО СИМНАЛЕ НА ПРИЗЕМЈЕ, НО НА ГОРЕН ДЕЛ ОД ДВОСПРАТЕН КРЕВЕТ70-годишниот осуденик поради компликации со исечената нога, повторно е опериран и сега чека затворот да му набави протеза. (Фото: СДК.МК)

    Осудено лице на околу 70-годишна возраст со инвалидитет (ампутирана десна нога) долго време се качувал и се симнувал со една нога секој ден до третиот кат на затворот во Штип, зашто управата таму го сместила. Тој се обратил до Народниот правобранител, жалејќи се на несоодветно сместување во однос на неговата состојба во Казнено-поправната установа (КПУ) Штип, што му предизвикувало сериозни потешкотии при секојдневното движење, симнување и качување до третиот кат од Полуотвореното одделение од Установата.

    Народниот правобранител итно интервенирал пред надлежните во Казнено-поправната установа за проблемот со кој се соочувало ова осудено лице, а кој директно задира во неговото право на соодветно сместување во затворската установа. Надлежните во затворот веднаш  постапиле по укажувањето и осуденото лице било префрлено во просторија на приземје.

    „Но при наредна посета на КПУ Штип од страна на Народниот правобранител, истото осудено лице се пожали дека иако е на приземје, доделено му е легло на кревет на кат и тоа на горниот кат, па повторно од страна на Правобранителот беше укажано сместувањето да му биде соодветно на состојбата и на осуденото лице му беа обезбедени соодветни сместувачки услови“, велат оттаму.

    Осуденикот добил легно на првото ниво од двоспратен кревет, но се пожалил натаму и на здравствените проблеми, односно дека не го примале во Штипската болница.

    „Поради дополнителни компликации по извршената ампутација на ногата и потреба од повторна хируршка интервенција, осуденото лице изразило поплака дека Јавната здравствена установа (ЈЗУ) Клиничка болница Штип одбиле негов прием и обезбедување на медицинска помош, односно од страна на ортопед-специјалист вработен во Болницата, осуденото лице било упатено на понатамошно лекување во Општа болница Кочани, каде претходната интервенција била извршена. Но и тоа се среди, за кратко време од страна на КПД Штип, Народниот правобранител беше известен дека правото на здравствена заштита на подносителот му е остварено, односно му бил обезбеден прием и извршен хируршки зафат во ЈЗУ Клиничка болница Штип“, вели Народниот правобранител.

    Од канцеларијата на Омбудсманот вела дека осуденото лице со инвалидитет е добро по повторената операција.

    „Сега сме дојдени до процедура затворот да му набави протеза за неговата нога за да може полесно да се движи“, вели Омбудсманот.

    С. К. ДЕЛЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира