ИЗРАЕЛ И ХАМАС ДОГОВОРИЈА ПРЕКИН НА ОГНОТ И ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ЗАЛОЖНИЦИТЕ

    ИЗРАЕЛ И ХАМАС ДОГОВОРИЈА ПРЕКИН НА ОГНОТ И ОСЛОБОДУВАЊЕ НА ЗАЛОЖНИЦИТЕВеста за договорот доведе до прослави и во Израел и во Газа (Фото: АП)

    Доналд Трамп објави дека Израел и Хамас се согласија со првата фаза од неговиот мировен план за Газа, што предвидува прекин на огнот и ослободување на заложниците во замена за стотици палестински затвореници. Ова следува по неколку дена индиректни разговори во Египет и дава надеж дека ќе се стави крај на војната, во која загинаа над 67.000 луѓе.

    Веста за договорот доведе до прослави во Израел, Газа и пошироко. Сепак, Трамп не изнесе детали кога ноќеска објави дека е постигнат договор и многу прашања остануваат нерешени.

    Горд сум што можам да објавам дека Израел и Хамас ја потпишаа првата фаза од нашиот мировен план. Тоа значи дека сите заложници ќе бидат ослободени многу скоро, а Израел ќе ги повлече трупите на договорена линија, што се први чекори кон силен и траен мир“, кажа Трамп.

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека ќе ја свика владата денеска за да се одобри договорот.

    Со одобрувањето на првата фаза од договорот, сите заложници ќе ги вратиме дома. Ова е дипломатски успех и национална и морална победа за државата Израел“, кажаа Нетанјаху.

    И Хамас потврди дека е постигнат договор за крај на војната, велејќи дека тој вклучува израелско повлекување од Газа и размена на заложници и затвореници.

    Уверуваме дека жртвите на нашиот народ нема да бидат залудни и дека ќе останеме верни на нашето ветување – никогаш да не се откажеме од националните права на нашиот народ сè додека не се постигнат слобода, независност и самоопределување“, соопшти Хамас.

    И покрај надежите за завршување на војната, клучните детали сè уште не се прецизирани, вклучувајќи ги временската рамка, повоената администрација за Појасот Газа и судбината на Хамас.

    Трамп изјави дека израелските заложници веројатно ќе бидат ослободени в понеделник, додека Хамас соопшти дека ја предал листата на палестински затвореници кои сака да бидат пуштени од израелските затвори. Таа вклучува и лица осудени на доживотен затвор и лица приведени по 7 октомври 2023.

    Во првата фаза од планот Израел треба да дозволи дневна достава на 400 камиони со помош во Газа и да ги повлече своите трупи во рок од 24 часа, со што ќе се создадат услови за ослободување на заложниците.

    Ова е повеќе од Газа, ова значи мир на Блиски Исток. Ова е одлично и за Израел и за муслиманските и арапските земји. И Иран го одобри договорот. Газа ќе биде обновена и тоа ќе биде поинаков, безбеден свет. Блиски Исток ќе се зближи“, кажа Трамп.

    Следната фаза од планот на Трамп бара меѓународно тело да игра улога во повоената администрација на Газа. Арапските земји кои го поддржуваат планот велат дека тоа мора да доведе до независност на палестинската држава, но Нетанјаху вети дека тоа никогаш нема да се случи.

    Нема јасни назнаки кој ќе владее со Газа кога ќе заврши војната. Нетанјаху, Трамп и западните и арапските држави го исклучуваат Хамас, кој управува со Газа откако ги протера палестинските ривали во 2007 година. Хамас изјави дека ќе го отстапи управувањето со Газа само на палестинска технократска влада поддржана од арапските и муслиманските земји.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира