НОБЕЛОВИОТ КОМИТЕТ ЈА СТАВА ПОЛИТИКАТА ПРЕД МИРОТ, КАЖА БЕЛАТА КУЌА ОТКАКО ТРАМП НЕ ДОБИ НОБЕЛОВА НАГРАДА

    НОБЕЛОВИОТ КОМИТЕТ ЈА СТАВА ПОЛИТИКАТА ПРЕД МИРОТ, КАЖА БЕЛАТА КУЌА ОТКАКО ТРАМП НЕ ДОБИ НОБЕЛОВА НАГРАДАОд враќањето во Белата куќа Трамп се претставува себеси како миротворец (Фото: АП)

    Белата куќа ја критикуваше одлуката на Нобеловиот комитет да ѝ ја додели Нобеловата награда за мир на венецуелската опозиционерка Марија Корина Мачадо, а не на американскиот претседател Доналд Трамп.

    „Претседателот Трамп ќе продолжи да склучува мировни договори, да завршува војни и да спасува животи. Тој има срце на хуманитарец и никогаш нема да има некој како него што може да поместува планини со чистата сила на својата волја. Нобеловиот комитет докажа дека ја става политиката пред мирот“, рече портпаролот на Белата куќа, Стивен Чунг.

    Мачадо е жестока критичарка на венецуелскиот претседател Николас Мадуро и важи за симбол на отпорот и борбата за демократски промени. Таа беше избрана за единствен кандидат на опозицијата за ланските претседателски избори, но во јануари 2024 Врховниот суд на Венецуела ја исфрли од политиката на 15 години поради наводно учество во корупција.

    „Ова е достигнување на целото општество. Јас сум само една личност. Секако не го заслужувам ова“, изјави Мачадо по добивањето на наградата.

    Од враќањето во Белата куќа Трамп се претставува себеси како миротворец и често истакнува дека заслужува Нобелова награда за мир зашто досега решил седум војни. И покрај лобирањето на некои држави и политичари, Трамп не ни бил во конкуренција за наградата оваа година зашто номинирањето беше завршено во јануари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира