АКТЕРКАТА АЈДИНИ-ЈЕГЕНИ, ДИРИГЕНТКАТА ДИМОВСКА-ПОЛИЗОВА, ПРОДУЦЕНТОТ ЈАНКОСКИ И АКАДЕМИЦИТЕ ДИМИТРОВ И ЈОВАНОВСКИ СЕ ДОБИТНИЦИ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „11 ОКТОМВРИ“

    АКТЕРКАТА АЈДИНИ-ЈЕГЕНИ, ДИРИГЕНТКАТА ДИМОВСКА-ПОЛИЗОВА, ПРОДУЦЕНТОТ ЈАНКОСКИ И АКАДЕМИЦИТЕ ДИМИТРОВ И ЈОВАНОВСКИ СЕ ДОБИТНИЦИ НА ДРЖАВНАТА НАГРАДА „11 ОКТОМВРИ“Државната награда „11 Октомври“ претставува највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и други дејности од јавен интерес. (Фото: МИА)

    По повод Денот на народното востание, денеска во Собранието беше врачена државната награда „11 Октомври“, која претставува највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и други дејности од јавен интерес.

    Годинашни лауреати во областа на културата и уметноста се актерката Теута Ајдини-Јегени, хорската диригентка, професорката Летка Димовска-Полизова и продуцентот и промотор на македонската уметност, Иво Јанкоски.

    Во областа на науката и образованието, наградата им беше доделена на машинскиот инженер, професор доктор Константин Димитров и на хемичарот, академик Глигор Јовановски.

    Наградите ги врачи претседателот на Одборот за доделување на наградата, деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, проф. д-р Светозар Антовиќ. Тој кажа дека оваа награда не е само признание, туку и обврска.

    „Обврска да се продолжи патот на нашите претци – преку наука, култура, уметност, образование и општествена одговорност. Лауреатите на оваа награда се живи сведоци дека револуционерниот дух не згаснува, туку се преобразува во идеи, дела и вредности што се влог во нашата иднина“, рече Антовиќ.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира