Доналд Трамп потврди дека размислува да испрати проектили со долг дострел „томахавк“ во Украина, велејќи дека тоа ќе обезбеди „нов чекор на агресија“ во нејзината војна со Русија. Запрашан во претседателскиот авион на пат за Израел дали ќе го направи тоа, Трамп одговори:
„Ќе видиме, би можел“.
Тој викендов телефонски разговараше со Володимир Зеленски, кој ги притиска САД да одобрат испраќање проектили со долг дострел. Москва претходно предупреди дека тоа би била значајна ескалација на војната и би можело да ги наруши американско-руските односи.
Овие проектили имаат дострел од 2.500 километри, што значи дека Украина со нив би можела да ја гаѓа и Москва.
„Можеби ќе ѝ кажам на Русија дека ако не ја заврши војната, тогаш би можеле да го направиме тоа. Дали Русија сака проектили ‘томахавк‘ да летаат во нејзин правец? Не верувам“, кажа Трамп.
Минатиот месец, специјалниот американски пратеник за Украина, Стив Келог, кажа дека Трамп одобрил напади длабоко на руска територија, додека Кремљ нагласи дека никакви проектили нема да ја променат динамиката на војната.