ТРАМП И ЗЕЛЕНСКИ ЌЕ СЕ СРЕТНАТ ВО БЕЛАТА КУЌА ПО РАЗГОВОРИТЕ ЗА ПРОЕКТИЛИТЕ „ТОМАХАВК“

    ТРАМП И ЗЕЛЕНСКИ ЌЕ СЕ СРЕТНАТ ВО БЕЛАТА КУЌА ПО РАЗГОВОРИТЕ ЗА ПРОЕКТИЛИТЕ „ТОМАХАВК“Трамп и Зеленски викендов разговарале телефонски за можната испорака на проектили „томахавк“ (Фото: Гети)

    Доналд Трамп планира да се сретне со Володимир Зеленски в петок во Белата куќа, објавија американските медиуми, додека тој продолжува да ги подобрува односите со Украина по неколку месеци неуспешни обиди да постигне примирје во војната со Русија. Веста ја потврдија и високи украински функционери.

    Разговорите ќе имаат за цел да ја зајакнат одбраната на Украина, да ја обезбедат нашата енергетска отпорност и да го интензивираат притисокот со санкции врз агресорот“, рече шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак.

    Трамп и Зеленски викендов разговарале телефонски за можната испорака на американски проектили со долг дострел „томахавк“ во Украина, со кои таа би можела да гаѓа цели подлабоко на руска територија, вклучувајќи ја и Москва. Трамп досега одбиваше да испорача вакви проектили поради ризик од ескалација на војната.

    Трамп во изминатите месеци ја напушти стратегијата да го натера Владимир Путин да седне на преговарачка маса и во септември кажа дека верува оти Украина може да ја врати целата своја окупирана територија, нарекувајќи ја Русија „тигар од хартија“.

    Во интервју за „Фокс њуз“ во неделата, Зеленски кажа дека успехот на Трамп во преговорите за прекин на огнот во Газа му дал уште поголема доверба дека може да се постигне мир помеѓу Русија и Украина.

    „Потоа би можела да следи и посакуваната Нобелова награда за мир. Ако Трамп го стори тоа, на што ние се надеваме, секако дека во тој случај ние ќе го номинираме за Нобелова награда и ќе бидеме горди да му честитаме“, рече Зеленски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира