ТРАМП СЕ ПРЕМИСЛУВА ОКОЛУ ИСПОРАКАТА НА ПРОЕКТИЛИ „ТОМАХАВК“ ВО УКРАИНА ПО РАЗГОВОРОТ СО ПУТИН

    ТРАМП СЕ ПРЕМИСЛУВА ОКОЛУ ИСПОРАКАТА НА ПРОЕКТИЛИ „ТОМАХАВК“ ВО УКРАИНА ПО РАЗГОВОРОТ СО ПУТИНТрамп и Зеленски ќе се сретнат во Белата куќа третпат оваа година (Фото: Гети)

    Володимир Зеленски ќе се сретне со Доналд Трамп во Белата куќа денеска, додека Трамп размислува дали да ја снабди Украина со проектили „томахавк“, со кои Украина би можела да напаѓа подлабоко во Русија. Нивната средба следува ден по телефонскиот разговор на Трамп со Владимир Путин, за кој кажа дека бил многу продуктивен и бил постигнат прогрес. Тие притоа договориле нова средба, што треба да се одржи во Будимпешта следната недела.

    На Москва ѝ се брза да го продолжи дијалогот откако слушна за проектилите ‘томахавк‘“, кажа Зеленски додека патуваше кон Вашингтон.

    Иако неодамна кажа дека би можел да ѝ даде вакви проектили на Украина, Трамп се чини почна да се премислува по телефонскиот разговор со Путин.

    Не можеме да ги исцрпиме американските залихи на ‘томахавк‘. Ни требаат, па не знам што можеме да направиме во врска со тоа“, кажа Трамп.

    Зеленски долго време ги бара овие проектили, кои имаат дострел од 2.500 километри, па Украина со нив би можела да ја гаѓа и Москва. Тие биле тема и на вчерашниот разговор Трамп-Путин, па советникот на Кремљ, Јури Ушаков, кажа дека Путин му рекол на Трамп дека испораката на вакви проектили ќе ги наруши мировниот процес и американско-руските односи.

    Трамп рече дека имал одличен разговор со рускиот претседател за трговијата помеѓу Русија и САД кога ќе заврши војната во Украина. Тој зазеде поцврст став кон Русија по средбата со Путин на Алјаска во август откако не успеа да направи напредок во неговите мировни напори. Оттогаш до вчера, тие имале само уште еден телефонски разговор, а Трамп ги подобри односите со Зеленски и почна повеќе да ѝ се заканува на Русија со економски мерки. Во септември дури кажа дека верува оти Украина би можела да ја врати целата своја окупирана територија и најави дека ќе ѝ испорача проектили со долг дострел.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира