До 11:15 часот излезноста на Локалните избори е 9,38 проценти. Како што соопштија од Државната изборна комисија, од вкупниот број запишани избирачи досега гласале 154.275 граѓани или 9,38 проценти.
Најголема излезност има во Општина Чашка – 22,60%, па следуваат Новаци – 19,13%, Пробиштип – 17,64%, Крушево – 16,97%, Крива Паланка – 16,85%, Кратово – 16,26%, Вевчани – 16,02%, Берово – 13,51%, Богданци – 14.55%, Гевгелија – 12,81%, Градско – 15,27%, Дебарца – 15,76%, Демир Капија – 15,52%, Зелениково – 14,35% и Ранковце – 15,52%.
Најмалата излезност е во Општина Врапчиште со 2,54%, Сопиште со 3.93%, Боговиње со 4,48% и Центар Жупа со 4,89%.
А. АНТЕВСКА