ПЕТАР ЈАНКОВ СЛАВИ ПОБЕДА ВО СТРУМИЦА, ВМРО-ДПМНЕ СЕ ВРАЌА НА ВЛАСТ ПОСЛЕ 20 ГОДИНИ

    ПЕТАР ЈАНКОВ СЛАВИ ПОБЕДА ВО СТРУМИЦА, ВМРО-ДПМНЕ СЕ ВРАЌА НА ВЛАСТ ПОСЛЕ 20 ГОДИНИПобедата на Јанков е победата е со 4.000 гласа разлика во однос на противкандидатот на СДСМ Марјан Даскаловски, а ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе го има и мнозинството во Советот. (Фото: СДК.МК)

    Кандидатот за градоначалник на Струмица од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Петар Јанков вечерва прогласи победа. Како што соопшти пред новинарите, победата е со 4.000 гласа разлика во однос на противкандидатот на СДСМ Марјан Даскаловски. ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ќе го има и мнозинството во Советот.

    „Струмичани го соборија бастионот на СДСМ во Струмица. Победи волјата на граѓаните. Голема благодарност до нив. Во периодот што следи заедно со мојот тим и советниците ќе се посветиме на работа“, кусо кажа Петар Јанков кој доаѓа на оваа функција по Костадин Костадинов од СДСМ.

    ВМРО-ДПМНЕ забележа победа и во Василево, Босилово и Ново Село. Таму победија актуелните градоначалници Славе Андонов, Ристо Манчев и Ѓорѓе Божинов.

    Според првичните информации во Југоистокот, втор круг ќе има во Валандово, Богданци и Дојран.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира