ТОВАРЕН АВИОН ИЗЛЕТА ОД ПИСТАТА ВО ХОНГКОНГ И ПАДНА ВО МОРЕТО, ЗАГИНАА ДВАЈЦА РАБОТНИЦИ

    ТОВАРЕН АВИОН ИЗЛЕТА ОД ПИСТАТА ВО ХОНГКОНГ И ПАДНА ВО МОРЕТО, ЗАГИНАА ДВАЈЦА РАБОТНИЦИАвионот пристигнал од Дубаи кога излетал од пистата, судирајќи се со патролно возило (Фото: АП)

    Товарен авион излета од пистата на Меѓународниот аеродром во Хонгконг, по што заврши во море, убивајќи двајца аеродромски работници. Авионот „боинг 747-481“, кој бил изнајмен и управуван од турска авиокомпанија, пристигнал од Дубаи кога излетал од пистата, судирајќи се со патролно возило на аеродромот.

    Двете лица во возилото загинале, додека четворицата членови на екипажот на авионот преживеале. Ова е најсмртоносната несреќа на аеродромот во Хонгконг во последните 25 години.

    Властите започнаа истрага бидејќи остануваат прашања за патеката што ја избрал авионот по слетувањето. Службениците на аеродромот изјавија дека му дале точни инструкции на авионот и дека на пистата има знаци за насочување на авионите.

    Извршниот директор за операции на аеродромот Стивен Јиу рече дека патролното возило во тој момент се движело по пат надвор од оградата на пистата и бил на безбедно растојание од неа.

    Авионот излегол од пистата, ја пробил оградата и се судрил со возилото, туркајќи го во морето. Авионот не испрати сигнал за помош по слетувањето“, изјави Јиу.

    Фотографиите од местото на несреќата покажуваат дека авионот се скршил на половина, а дел од трупот е потопен во водата со јасно видливи големи пукнатини.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира