РУСИТЕ ГИ ЗГОЛЕМУВААТ АКТИВНОСТИТЕ ОКОЛУ ПОКРОВСК, ИМААТ ОСУМПАТИ ПОВЕЌЕ ВОЈНИЦИ, ВЕЛИ УКРАИНА

    РУСИТЕ ГИ ЗГОЛЕМУВААТ АКТИВНОСТИТЕ ОКОЛУ ПОКРОВСК, ИМААТ ОСУМПАТИ ПОВЕЌЕ ВОЈНИЦИ, ВЕЛИ УКРАИНАРусите се обидуваат да го освојат Покровск повеќе од една година (Фото: АФП)

    Шефот на украинската војска Олександр Сириски предупреди дека се зголемуваат руските активности околу клучниот источен град Покровск, додавајќи дека ситуацијата е тешка. Тој ги демантираше информациите дека украинските трупи во регионот се блокирани.

    Го посетив бојното поле и разговарав со нашите заповедници. Русите трупаат пешадија во регионот и ситуацијата е тешка, но руската пропаганда дека украинските војници се окружени во Покровск и Купјанск не е точна“, изјави Сирски.

    Тој додаде дека заповедниците ќе мора да направат разумен баланс помеѓу целите и способностите.

    Главен приоритет е зачувувањето на животите на нашите војници“, рече Сирски.

    Русите се обидуваат да го освојат Покровск повеќе од една година, што би им го отворило патот кон најголемите градови во Доњецк кои и натаму се под контрола на Украина, Краматорск и Словјанск. Володимир Зеленски кажа дека Покровск, каде што и натаму има околу 1.200 цивили, останува главната мета на Русија, која напаѓа со осумпати повеќе војници.

    Русија сака да го заземе градот за да ги убеди САД дека Украинците губат. Тие немаат резултат што можат да им го продадат на Американците. Покровск им треба само за да покажат дека Украина се повлекува од истокот“, изјави Зеленски.

    Украинската набљудувачка група „Дипстејт“ процени дека руските сили постепено го заземаат Покровск со својот огромен персонал и се инфилтрираат подлабоко во градот, нарушувајќи ги украинските линии на снабдување.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира