ВЕСНА КОЖИНКОВА ПОВТОРНО ИЗБРАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ШТИП, ФЕРУС МУСТАФОВ ПОСТХУМНО ЌЕ ГО ДОБИЕ ПРИЗНАНИЕТО „8 НОЕМВРИ”

    ВЕСНА КОЖИНКОВА ПОВТОРНО ИЗБРАНА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ШТИП, ФЕРУС МУСТАФОВ ПОСТХУМНО ЌЕ ГО ДОБИЕ ПРИЗНАНИЕТО „8 НОЕМВРИ”На првата седница на Советот на Општина Штип беше избран негов претседател. (Фото: СДК.МК)

    На првата седница на новиот Совет на Општина Штип за претседателка е избрана Весна Кожинкова, која и досега го водеше. Во Советот, кој брои 23 членови, 16 се од ВМРО-ДПМНЕ, 4 од СДСМ, двајца од Левица и еден советник од ЗНАМ.

    Советот го прифати предлогот на Комисијата за признанието „8 Ноември” по повод Денот на ослободувањето на градот тоа да им се додели на 18 заслужни граѓани од Штип кои дале придонес во развојот на градот, а посебно за неговата афирмација во земјата и странство.

    На наредната седница на Советот, што ќе се одржи на 7 ноември, вакво признание потсхумно ќе добие и светски прочуениот штипски музичар Ферус Мустафов, за кого имало три предлози од различни места да му се додели ова високо општинско признание.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира