РАБОТНИК ПОЧИНА ПРИ УРИВАЊЕТО НА СРЕДНОВЕКОВНА КУЛА ВО РИМ

    РАБОТНИК ПОЧИНА ПРИ УРИВАЊЕТО НА СРЕДНОВЕКОВНА КУЛА ВО РИМОбјектот од 13. век беше празен и напуштен со години (Фото: АП)

    Почина работникот кој беше затрупан при уривањето на средновековна кула во центарот на Рим. Тој беше извлечен од урнатините синоќа околу 23 часот, речиси 12 часа откако попушти дел од Торе деи Конти, што се наоѓа близу Колосеум, на работ на Римскиот форум.

    Романското министерство за надворешни работи потврди дека починатиот работник Октај Строичи бил романски државјанин, како и уште еден од тројцата работници кои порано беа спасени. Еден е во критична состојба.

    Строичи бил свесен и цело време комуницирал со спасувачите, кои биле упорни да го извлечат, и покрај ризикот од натамошно уривање на кулата. Тој починал во амбулантното возило на пат за болница.

    Префектот на Рим, Ламберто Џанини, кажа дека спасувањето било многу сложена, долга и ризична операција.

    Строичи, кој бил во 60-ти години, бил дел од тимот кој вршел конзерваторски работи на кулата, која е дел од Римскиот форум, еден од најпосетуваните локалитети во Рим. Објектот од 13. век беше празен и напуштен со години.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира