БЕРЛИН САКА ДА ИМА МИЛИОН ДРВЈА ДО 2040 ГОДИНА

    БЕРЛИН САКА ДА ИМА МИЛИОН ДРВЈА ДО 2040 ГОДИНАБерлин ќе вложи три милијарди евра во зазеленувањето (Фото: ДПА)

    Стотици илјади дрвја ќе бидат засадени во Берлин во следните 15 години откако покраинската влада усвои закон за адаптација на климата. Само крајнодесничарската Алтернатива за Германија гласаше против мерката, која се базираше на граѓанска иницијатива.

    Законот треба да обезбеди Берлин да има еден милион дрвја до 2040 година, повеќе од двојно повеќе од денес. Планирани се и други мерки, како создавање повеќе зелени површини и подобро користење на дождовницата. Вредноста на овие проекти е 3,2 милијарди евра.

    Граѓанската иницијатива „БаумЕнтшајд“ го смета законот за пресвртница на патот кон позеленувањето на Берлин, а со тоа и поголема отпорност на глобалното затоплување. Нејзиниот портпарол Хајнрих Штросенројтер изјави дека спроведувањето мора да започне брзо по парламентарната одлука.

    Времето е важен фактор во адаптацијата на климата“, рече тој.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира