РУСИЈА ГИ ПОВИКА УКРАИНСКИТЕ СИЛИ ВО ПОКРОВСК И КУПЈАНСК ДА СЕ ПРЕДАДАТ АКО САКААТ ДА ПРЕЖИВЕАТ

    РУСИЈА ГИ ПОВИКА УКРАИНСКИТЕ СИЛИ ВО ПОКРОВСК И КУПЈАНСК ДА СЕ ПРЕДАДАТ АКО САКААТ ДА ПРЕЖИВЕАТРуската војска се обидува да го освои Покровск уште од лани (Фото: Интелњуз)

    Русија кажа дека украинските трупи во Покровск и Купјанск се опколени и ги повика да се предадат зашто немаат шанси да преживеат.

    Руската војска се обидува да го освои Покровск уште од лани како дел од напорите да го заземе целиот регион Доњецк, од кој Украина и натаму контролира околу 10% или 5.000 квадратни километри.

    Место фронталните напади што ги користеа против други градови, руските сили се обидуваат да ги опколат Украинците во Покровск и Купјанск, додека мали мобилни единици и беспилотни летала ја нарушуваат логистиката и шират хаос зад украинските линии. Тактиките на Русија на двете локации создадоа она што руските воени блогери го нарекоа сива зона, каде што ниту една страна нема целосна контрола, но која е исклучително тешка за бранење.

    Мапите од бојното поле покажуваат дека руските сили се на неколку километри од целосно окружување на Покровск и контролираат значајни делови од Купјанск во харкивскиот регион, при што напредуваат по главниот пат кон градот.

    Руското министерство за одбрана тврди дека украинските единици во Купјанск се заробени во „котли“ и дека нивната позиција брзо се влошува, додека руските сили напредуваат, „не оставајќи им никаква шанса да се спасат освен со доброволно предавање“.

    По речиси четири години војување, Русија и натаму не ја остварила својата главна цел – контрола врз целиот Донбас, но притоа е во офанзива и во регионите Харкив и Днипро. Руската војска вели дека сега држи 19% од територијата на Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира