Денеска во големата сала на Општина Тетово се конституира новиот Совет на Општината по завршените локални избори. Од страна на Општинската изборна комисија беа предадени уверенијата на 31 советник.
Новиот Совет на Општината претрпе мали промени во однос на претходниот состав. Според изборните резултати коалицијата на Вреди и ВМРО-ДПМНЕ и понатаму има минимално мнозинство во Советот. ВРЕДИ освои 13 советнички места, едно повеќе во однос на претходните избори, а ВМРО-ДПМНЕ сега има 3 советнички места односно едно помалку од претходниот состав, па со вкупно 16 советници имаат минимално мнозинство во Советот.
Националната алијанса на Албанците предводена од ДУИ повторно освои 12 советнички места, додека СДСМ сега има само еден советник наместо два колку што имаше во претходниот состав на Советот. Новина е што сега Левица успеа со еден советник да влезе во локалната власт. Едно место во новиот совет на Општина Тетово обезбеди и независната листа „Подобро за Тетово“.
З.АНДОНОВ



