Кина го пушти во служба својот најнапреден носач на авиони „Фуџијан“, неколку дена по големата церемонија надгледувана од кинескиот лидер Шји Џинпинг.
„Фуџијан“, третиот кинески носач на авиони, е опремен со електромагнетен катапулт што ќе им овозможи на авионите да тргнуваат со поголема брзина. Ова е значаен чекор напред за Кина, која ја има најголемата морнарица во светот во однос на бројот на бродови.
Кина ја проширува својата морнарица со голема брзина под водство на Шји, вршејќи притисок врз САД и нивните сојузници да го држат чекорот со неа.
Според државните медиуми, „Фуџијан“ може да лансира три различни типа авиони со своите електромагнетен катапулт и рамна палуба. Тој може да носи авиони со потешко оружје и гориво, па тие можат да погодуваат непријателски цели од поголема далечина, што го прави помоќен од првите два кинески носачи на авиони, „Лијаонинг“ и „Шандонг“, засновани врз советскиот модел.
Само САД имаат носач на авиони со ист електромагнетен катапултен систем како „Фуџијан“.
Американската морнарица располага со 11 носачи на авиони. Додека кинеските носачи се со конвенционален погон, американските имаат нуклеарен погон, што значи дека можат да работат речиси бесконечно без да им се дополнува гориво, драматично зголемувајќи го нивниот дострел.



