ХРВАТСКА НАЈАВИ ЗАБРАНА НА ТЕЛЕФОНИТЕ ВО УЧИЛИШТАТА

    ХРВАТСКА НАЈАВИ ЗАБРАНА НА ТЕЛЕФОНИТЕ ВО УЧИЛИШТАТАЗабраната ја поддржуваат 90% од граѓаните (Фото: Гети)

    Министерот за образование Радован Фукс потврди дека наскоро ќе се воведе забрана за користење мобилни телефони во школите во Хрватска, што во една анкета го поддржале 90% од граѓаните. Тој најави нов правилник, со кој ќе се забранат телефоните во основните училишта, како за време на наставата, така и на одморот.

    Наскоро може да се очекува нов правилник кој дефинитивно ќе ја забрани употребата на телефоните во основните школи на и вон наставата“, кажа Фукс.

    Тој додаде дека забраната во средните училиште нема да може да се спроведува еднакво строго.

    Мобилните сигурно ќе бидат забранети на часовите, освен ако не се потребни за наставата, но на одморот не е така едноставно“, кажа Фукс.

    Тој најави и законско решение со кое би се ограничило користењето мобилни телефони кај малолетниците по примерот на алкохолот и цигарите.

    За тоа, сепак, ќе треба поширок општествен консензус“, кажа Фукс.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира