„Дигитализација и автоматизација на производствените и магацинските процеси“ беше темата на специјализиран деловен настан што се одржа во Скопје во организација на „Даталаб Македонија“, во соработка со партнерската компанија „Инфо-Код“. Како една од најрелевантните средби за компаниите од производствениот сектор во земјава, таа собра голем број менаџери, директори и Ај-Ти експерти кои бараат начини да ги модернизираат своите процеси преку практични дигитални решенија.
Сашо Јовановски, директорот на „Даталаб МК“, ја потенцираше важноста на дигиталната трансформација во производствените компании како клучен фактор за раст, ефикасност и конкурентност на пазарот.
„Дигитализацијата не е веќе прашање на избор, туку предуслов за опстанок на компаниите. Со ERP решенија како Pantheon, производството станува транспарентно, мерливо и контролирано во секој момент“, кажа Јовановски.
Консултантите на „Даталаб“ ја презентираа моќта на Pantheon ERP во оптимизацијата на производствените процеси – од прием на нарачка, преку управување со материјали и следење трошоци, до испорака на готовиот производ.
„Инфо-Код“ демонстрираше како со користење на мобилни уреди, скенери и SSCC баркодови по GS1 стандарди може значително да се подобрат следливоста, точноста и брзината на магацинското работење.
Со одржувањето на овој настан, „Даталаб“ и „Инфо-Код“ го потврдија својот заеднички фокус да им помогнат на македонските компании да преминат кон поинтелигентно, дигитално и автоматизирано работење.
„Нашата мисија е да ја направиме дигитализацијата достапна и применлива во секоја компанија, без разлика на големината или индустријата“, велат од тимот на „Даталаб“.
„Даталаб“ и „Инфо-Код“ најавија дека во наредниот период ќе продолжат со серија едукативни настани и обуки наменети за различни индустриски гранки, со цел да се подигне свеста за придобивките од дигиталната трансформација.
*Комерцијален текст



