КАБЕЛ ОД РАДИО ГО ПРЕДИЗВИКАЛ ПОЖАРОТ ВО ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО ТУЗЛА, БРОЈОТ НА ПОЧИНАТИ ПОРАСНА НА 15

    КАБЕЛ ОД РАДИО ГО ПРЕДИЗВИКАЛ ПОЖАРОТ ВО ДОМ ЗА СТАРИ ЛИЦА ВО ТУЗЛА, БРОЈОТ НА ПОЧИНАТИ ПОРАСНА НА 15Пожарот што избувна на седмиот кат од зградата усмрти 11 лица на самото место (Фото: АП)

    Преоптоварен кабел за струја го предизвикал смртоносниот пожар во дом за стари лица во Тузла минатата недела, соопштија властите, додека бројот на жртви се искачи на 15.

    Како што покажала истрагата, кабелот од радиото што го користел еден од штитениците бил стегнат меѓу неговиот кревет и ѕидот, што довело до краток спој и пожар вечерта на 4 ноември.

    Пожарот што избувна на седмиот кат од зградата усмрти 11 лица на самото место, а 30 беа повредени. Уште четири лица починаа во болницата во Тузла во меѓувреме, од кои двајца во изминатите 24 часа.

    Босанските медиуми објавија дека на горните катови биле сместени постари лица кои биле неподвижни или многу болни. Менаџерот на комплексот поднесе оставка.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира