Полициските сили на Долниот дом на германскиот парламент, или Бундестаг, предупредија неколку парламентарни групи за сомнителни уесбе-стикови што беа испратени до канцелариите на пратениците по пошта. Пакетите проследени со писма на англиски јазик беа примени од неколку групи оваа недела, соопшти вчера конзервативната парламентарна група. Други групи од Бундестагот, исто така, потврдија дека примиле пакети.
Во никој случај уесбе-стикот не треба да биде поврзан со компјутер, соопшти полицијата на Бундестагот и побара бара секој да ѝ биде испратен во посебен плик. Пратеничката на социјалдемократите Марја-Лиса Фелерс изјави дека инцидентот е секако загрижувачки и дека истрагите се во тек.
Според пратеничката група на Алтернатива за Германија (АфД), администрацијата на Бундестагот испратила и предупредувачка е-пошта. Портпаролот на групата изјави дека неколку пратеници добиле писмо со уесбе-стик. Во познатите случаи, уесбе-стиковите биле предадени на администрацијата на Бундестагот или директно уништени, како што претходно препорачала администрацијата преку циркуларна е-пошта. Пратеничката група на Левицата изјавила дека сè уште не добиле никакви извештаи од своите пратеници за сомнителните уреди.



