ЕКСПЛОЗИЈА НА ПРУГА ВО ПОЛСКА, ПРЕМИЕРОТ ТУСК ВЕЛИ ДЕКА Е САБОТАЖА

    ЕКСПЛОЗИЈА НА ПРУГА ВО ПОЛСКА, ПРЕМИЕРОТ ТУСК ВЕЛИ ДЕКА Е САБОТАЖАВластите кажаа дека експлозивна направа ја уништила пругата (Фото: Икс)

    Експлозијата што вчера ја уништи пругата на рутата Варшава-Лублин била предизвикана од саботажа, изјави утрово полскиот премиер Доналд Туск.

    „Итните служби и обвинителството работат на местото на настанот. На истата рута, штета е забележана и поблиску до Лублин. Ќе ги фатиме сторителите, без разлика кои се нивните поддржувачи“, кажа Туск.

    Локалната полиција објави дека машиновозач пријавил штета на пругата во централна Полска. Оваа пруга, покрај другите, се користи за достава на помош во Украина.

    „За жал, нашите најлоши стравувања се потврдија. Експлозивна направа ја уништила пругата. Без сомнеж, ова е чин на саботажа“, рече полскиот министер за внатрешни работи Марцин Кјервински.

    Како еден од најголемите европски поддржувачи на Украина, Полска во последниве години доживеа голем број саботажи, од кои за многу беа обвинети поединци или групи кои работат во име на Русија.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира