ТРАМП ГО БРАНЕШЕ САУДИСКИОТ ПРИНЦ И КАЖА ДЕКА НЕ ЗНАЕЛ НИШТО ЗА УБИСТВОТО НА НОВИНАРОТ ЏАМАЛ КАШОГИ

    ТРАМП ГО БРАНЕШЕ САУДИСКИОТ ПРИНЦ И КАЖА ДЕКА НЕ ЗНАЕЛ НИШТО ЗА УБИСТВОТО НА НОВИНАРОТ ЏАМАЛ КАШОГИБин Салман кажа дека убиството на Кашоги било огромна грешка (Фото: АП)

    Доналд Трамп го бранеше саудискиот принц Мохамед бин Салман во врска со убиството на новинарот на „Вашингтон пост“ Џамал Кашоги во 2018, велејќи дека тој не знаел ништо за тоа. Трамп го нагости фактичкиот лидер на Саудиска Арабија во Белата куќа четири години откако американските разузнавачки служби утврдија дека тој ја одобрил операцијата во Истанбул да се фати или убие Кашоги, што ги наруши односите помеѓу САД и Саудиска Арабија.

    Принцот заврши феноменална работа. Од друга страна, Кашоги беше крајно контроверзен и на многу луѓе не им се допаѓаше. Но, принцот не знаеше ништо за тоа што се случи со него“, изјави Трамп.

    Бин Салман кажа дека убиството на Кашоги било болно за Саудиска Арабија и огромна грешка.

    Саудиските власти заклучија дека убиството било резултат на „неконтролирана операција“ на тим агенти испратени да го вратат Кашоги во кралството. Пет лица беа осудени на 20 години затвор во септември 2020.

    Трамп претходно објави дека ќе ѝ продаде на Саудиска Арабија борбени авиони „Ф-35“, додека Бин Салман најави дека ќе ги зголеми вложувањата во САД од 600 милијарди на еден трилион долари.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира