ДЕСЕТИНА ПРИВЕДЕНИ ВО АКЦИЈА НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО И ПОЛИЦИЈАТА, СЕ ВРШАТ ПРЕТРЕСИ КАЈ ВРАБОТЕНИ ВО УЈП ПОВРЗАНИ СО ПРЕДМЕТОТ ЗА КОЧАНСКАТА ДИСКОТЕКА „ПУЛС“

    ДЕСЕТИНА ПРИВЕДЕНИ ВО АКЦИЈА НА ОБВИНИТЕЛСТВОТО И ПОЛИЦИЈАТА, СЕ ВРШАТ ПРЕТРЕСИ КАЈ ВРАБОТЕНИ ВО УЈП ПОВРЗАНИ СО ПРЕДМЕТОТ ЗА КОЧАНСКАТА ДИСКОТЕКА „ПУЛС“Државниот обвинител Љупчо Коцевски рече дека станува збор за за кривични дела примање и давање мито, како и за злоупотреба на службената положба и овластувања. (Фото: СДК.МК)

    Десетина лица се приведени денеска, а во тек се претреси на повеќе локации во рамки на акција поврзана со вработени во Управата за јавни приходи (УЈП) во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, потврди државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски.

    Коцевски изјави дека станува збор за предистражна постапка која се води во врска со предмет во Основното јавно обвинителство Кочани.

    „Јавноста беше запознаена дека се водеше предистражна постапка за лица кои беа вработени во УЈП, а поврзани на некој начин со кочанскиот предмет. Во текот на минатиот ден и денеска се преземаат дејствија. Денеска се приведени околу десетина лица и во моментов се вршат претреси на одредени локации кај лицата опфатени со кривичната пријава“, рече обвинителот Коцевски.

    Според првичните сознанија на Обвинителството, осомничените се товарат за кривични дела примање и давање мито, како и за злоупотреба на службената положба и овластувања.

    „Ова е постапка во врска со предметот за Кочани. Во моментов не можам да соопштам повеќе детали. Од она што го имам како информација, јавниот обвинител ќе предложи мерки на претпазливост“, додаде Коцевски.

    Предметот се води во надлежност на кочанското обвинителство.

    Вчера во Скопје почна судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“. За најголемата несреќа во земјава во која на 16 март која изгореа 63 млади луѓе и деца, а над 200 беа повредени, обвинети се: газдата на „Пулс“ Дејан Јованов-Деко спроведен од затвор Куманово, Митко Стојанов, синот на Деко Михаил Јованов , Гроздан Милчковски, Милка Едровска, Тодор Јованов, Огњан Георгиев, Љупчо Стаменков, Николчо Коцев, Ратко Димитровски, Николчо Илиев, Љупчо Папазов, Јане Јанчески, Лазар Захариев, Ивица Грозданов, Стојанчо Димитријев, Шабан Салиу, Мартин Георгиев, Аднан Џафероски, Беким Максути, Џевад Селами, Љупчо Грнчиштанов, Ваљон Сарачини, Крешник Бектеши, Џеваир Камбери, Шевкет Хазари, Зоран Николовски, Беким Хаџиу, Арлинда Хасапи, Миле Ампов, Блашка Ефтимова, Весна Кизмановска, Емил Митев, Размена Чекиќ-Дуровиќ, газдата на агенцијата за обезбедување „Рубикон“ Александар Нацев,. Обвинети се и три фирми: „МММ Кафе“ ДООЕЛ Кочани, „Рубикон секјурити“ и „Венци проект“ Кочани.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира