МАКЕДОНИЈА ЌЕ И ГОСТУВА НА ДАНСКА ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА ПЛЕЈ-ОФОТ ЗА СП 2026

    МАКЕДОНИЈА ЌЕ И ГОСТУВА НА ДАНСКА ВО ПОЛУФИНАЛЕТО НА ПЛЕЈ-ОФОТ ЗА СП 2026Ако ја елиминира Данска, Македонија во финалето ќе се сретне со победникот на дуелот Чешка-Ирска (Фото: ФФМ)

    Македонската фудбалска репрезентација ќе игра против Данска во полуфиналето на плеј-офот за Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико. Бидејќи не е носител, Македонија ќе го игра овој меч на гостински терен.

    Ако ја елиминира Данска, Македонија во финалето ќе се сретне со победникот на дуелот Чешка-Република Ирска. Ирците ќе бидат домаќини на финалето.

    Полуфиналните мечеви од плеј-офот се играат на 26 март, а финалните на 31 март. Во останатите полуфинални дуели се среќаваат Велс-БиХ, Полска-Албанија, Словенија-Косово и Италија-Северна Ирска.

    Македонија ги заврши квалификациите со тешкиот пораз од Велс од 7:1, што ѝ го донесе третото место во групата. Поради тоа, беше сместена во најслабо рангираниот, четврти шешир на ждрепката.

    Во интерконтиненталниот плеј-оф, Нова Каледонија ќе игра против Јамајка, а победникот го чека ДР Конго во финалето, додека Боливија ќе се сретне со Суринам. Подобриот од овој дуел ќе се бори против Ирак за пласман на СП.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира