ПОЧИНА ПЕЈАЧКАТА НА НАРОДНА МУЗИКА БАДИ БЕКИР

    ПОЧИНА ПЕЈАЧКАТА НА НАРОДНА МУЗИКА БАДИ БЕКИРБекир снимаше народни песни на македонски, турски и албански јазик

    Денеска во Скопје по кусо боледување почина пејачката на народна музика Небахат Бади Бекир, ни потврди пријателка на семејството.

    Бекир од дете била членка на играорна група и истовремено ги изучувала македонскиот и турскиот фолклор. Почнала да пее на фестивал на забавна музика во 1985.

    Бекир снимаше народни песни на македонски, турски и албански јазик и повеќепати била на турнеја низ поранешна Југославија. По распадот на Југославија најмногу пееше македонски народни песни.

    Во 2002, Бекир со уште неколку колеги одржа концерти низ Австралија и стана членка на женската фолк група „Четири грации“, заедно со Росана Сариќ-Тодоровска, Адријана Алачки и Благица Павловска. 

    Погребот ќе се одржи утре на градските гробишта „Бутел“ од 12:15 часот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира