ЗЕЛЕНСКИ ГО ПРИМИЛ НОВИОТ АМЕРИКАНСКИ МИРОВЕН ПЛАН ЗА УКРАИНА И ЌЕ РАЗГОВАРА СО ТРАМП ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИ

    ЗЕЛЕНСКИ ГО ПРИМИЛ НОВИОТ АМЕРИКАНСКИ МИРОВЕН ПЛАН ЗА УКРАИНА И ЌЕ РАЗГОВАРА СО ТРАМП ВО СЛЕДНИТЕ ДЕНОВИСАД му најавиле на Зеленски дека Украина мора да прифати американска нацрт-рамка за крај на војната со Русија (Фото: АП)

    Володимир Зеленски го примил нацртот на новиот американски мировен план за Украина и ќе разговара со Доналд Трамп во следните денови, соопштија од кабинетот на украинскиот претседател.

    Добро упатени извори претходно изјавија за „Ројтерс“ дека САД му најавиле на Зеленски дека Украина мора да прифати американска нацрт-рамка за крај на војната со Русија, според која Киев мора да предаде територија и некои оружја. Украински функционери го отфрлија планот како апсурден и неприфатлив, велејќи дека бил подготвен од блискиот соработник на Владимир Путин, Кирил Дмитриев и од специјалниот пратеник на Трамп, Стив Виктоф.

    И Европската Унија кажа дека се противи на планот од 28 точки, кој вклучува услови што би биле многу неповолни за Украина, како целосно предавање на Донбас (Доњецк и Луганск) и ограничувања на вооружените сили.

    Подготвени сме сега, како и досега, конструктивно да соработуваме со американската страна, како и со нашите партнери во Европа и низ целиот свет, со цел резултатот да биде мир. Разговорите на Зеленски со Трамп ќе вклучуваат дискусија за клучните точки потребни за постигнување мир“, се вели во соопштението на кабинетот на Зеленски.

    Москва се обиде да го намали значењето на новата иницијатива на САД.

    „Консултациите во моментов не се во тек. Секако, има контакти, но нема процес што би можел да се нарече консултации“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

    Тој рече дека Русија нема што да додаде освен ставот што Владимир Путин го изнесе на самитот со Трамп во август, а тоа е дека секој мировен договор мора да ги реши суштинските причини за конфликтот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира