ВЛАДАТА НА ТРАМП ГО УКИНАЛА ОДДЕЛОТ ЗА ВЛАДИНА ЕФИКАСНОСТ, ШТО ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ „МОТОРНА ПИЛА НА БИРОКРАТИЈАТА“

    ВЛАДАТА НА ТРАМП ГО УКИНАЛА ОДДЕЛОТ ЗА ВЛАДИНА ЕФИКАСНОСТ, ШТО ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ „МОТОРНА ПИЛА НА БИРОКРАТИЈАТА“Маск ги предводеше напорите на Трамп за намалување на администрацијата и федералните трошоци (Фото: АП)

    Владата на Доналд Трамп тивко го укинала Одделот за владина ефикасност (ДОГЕ) осум месеци пред истекот на неговиот мандат, ставајќи крај на гласно најавуваната иницијатива која требаше да ги намали администрацијата и федералните трошоци.

    „Такво нешто не постои, повеќе не е централизиран субјект“, кажа директорот на Канцеларијата за управување со персонал Скот Купор.

    Агенцијата основана во јануари брзо делуваше во првите месеци од вториот мандат на Трамп со цел да ги намали федералните агенции и нивните буџети или ја пренасочуваше нивната работа кон приоритетите на Трамп. На чело на ДОГЕ беше милијардерот Илон Маск, кој ја нашушти Белата куќа во мај и потоа јавно се караше со Трамп.

    Маск ја опишуваше ДОГЕ како „моторна пила на бирократијата“. Агенцијата тврдеше дека намалила трошоци од десетици милијарди долари, но за надворешни финансиски експерти беше невозможно да го потврдат тоа.

    „На претседателот Трамп му беше даден јасен мандат да ги намали расипништвото, измамите и злоупотребите низ целата федерална влада и тој продолжува активно да ја исполнува таа обврска“, изјави портпаролката на Белата куќа, Лиз Хјустон, не потврдувајќи дека ДОГЕ е укината.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира