ПРИТВОР ОД 30 ДЕНА ЗА 16-ГОДИШНИКОТ КОЕ СИЛУВАЛО 12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ

    ПРИТВОР ОД 30 ДЕНА ЗА 16-ГОДИШНИКОТ КОЕ СИЛУВАЛО 12-ГОДИШНО ДЕВОЈЧЕДевојчето и силувачот се познавале и учеле во исто основно училиште (Фото: СДК.МК)

    СВР Охрид поднесе известување до Основното јавно обвинителство Охрид за 16-годишник од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „полов напад и силување“, како и за 14-годишник од Охрид за сторено кривично дело „уцена“.

    „На првопријавениот од страна на надлежен судија му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена откако, претходно полициски службеници од СВР Охрид го пронајдоа и го лишија од слобода. Тој на 12 ноември 2025 година, извршил обљуба врз 12-годишно девојче од Охрид, додека друг малолетник снимал.  Второпријавениот, откако го добил снименото видео, на 20 ноември 2025 година, ја уценувал малолетничката да имаат сексуален однос, а доколку одбие и рекол дека ќе го објави видеото. Врз малолетничката е извршен медицински преглед, а полициски службеници и претставници на Центарот за социјални работи Охрид, во присуство на родител, со неа како и со двете пријавени лица, извршија службени разговори, по што е поднесено известување до надлежното обвинителство“, велат од СВР Охрид.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира