ВИТКОФ И ЗЕТОТ НА ТРАМП УТРЕ ВО МОСКВА ЌЕ ЈА ПРЕЗЕНТИРААТ МИРОВНАТА РАМКА ЗА УКРАИНА

    ВИТКОФ И ЗЕТОТ НА ТРАМП УТРЕ ВО МОСКВА ЌЕ ЈА ПРЕЗЕНТИРААТ МИРОВНАТА РАМКА ЗА УКРАИНАОва ќе биде шеста посета на Виткоф на Русија оваа година (Фото: Кремљ)

    Кремљ потврди дека американскиот специјален пратеник Стив Виткоф утре ќе се сретне со Владимир Путин во Москва за да разговараат за последниот американски предлог за крај на војната во Украина.

    „Средбата со Виткоф е планирана за вторник и ќе се одржи во втората половина од денот“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков.

    Виткоф треба да допатува со зетот на Трамп, Џеред Кушнер, за да разговараат за мировна рамка што американски и украински преговарачи ја изготвија на средбата во Женева. Оригиналниот мировен план бил намален од 28 на 20-ина точки по критиките дека ја фаворизира Русија и ѝ дава премногу отстапки.

    Нејасно е дали Путин ќе ги прифати промените, кои, според извештаите, се значајно подобри за Украина во однос на првичниот план. Путин минатата недела изјави дека е отворен за некои елементи од американскиот план за завршување на војната, но исто така предупреди дека руските сили ќе продолжат со напредувањето во регионот Донбас доколку Киев не ги прифати неговите услови за прекин на борбите.

    Русија бара од Киев да го предаде целиот Донбас, да ја намали својата војска и да вети дека нема да се придружи на НАТО, противејќи се и на распоредувањето на западни мировни сили во Украина во случај на мировен договор.

    Американски и украински делегации вчера разговараа во Флорида и Володимир Зеленски, кој денеска е во Париз, призна дека некои тешки прашања остануваат нерешени.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира