БУГАРСКАТА ВЛАДА ГО ПОВЛЕЧЕ ПРЕДЛОЖЕНИОТ БУЏЕТ ЗА 2026 ПО МАСОВНИТЕ ПРОТЕСТИ ВО ЗЕМЈАТА

    БУГАРСКАТА ВЛАДА ГО ПОВЛЕЧЕ ПРЕДЛОЖЕНИОТ БУЏЕТ ЗА 2026 ПО МАСОВНИТЕ ПРОТЕСТИ ВО ЗЕМЈАТАГрадоначалникот на Софија ги опиша демонстрациите во главниот град како „најпосетени во последната деценија“ (Фото: АФП)

    Бугарската влада соопшти дека го повлекува контроверзниот предлог-буџет за 2026 по вчерашните масовни протести низ земјата.

    Десетици илјади луѓе се собраа во Софија и во неколку други бугарски града вчера, протестирајќи против буџетскиот план за 2026 година, првиот изготвен во евра, пред земјата да ја усвои заедничката валута на 1 јануари. Некои демонстранти се судрија со полицијата, која ги штитеше канцелариите на владејачките партии во Софија и фрлаа камења, шишиња и петарди врз полицајците.

    Градоначалникот на Софија, Васил Терзиев, ги опиша демонстрациите во главниот град како „најпосетени во последната деценија“. Според организаторите, се собраа 50.000 луѓе. Во голем број беа младите луѓе кои се организираа преку ТикТок и Инстаграм. Главниот протест во центарот на градот помина мирно, објавија медиумите.

    Опозициските партии и други организации рекоа дека протестираат против плановите на владата за зголемување на придонесите за социјално осигурување и на даноците на дивиденди за да се финансираат повисоките трошоци, како и против државната корупција.

    Претседателот Румен Радев ја повика владата да поднесе оставка.

    „Постои само еден излез: оставка и предвремени избори“, напиша Радев на Фејсбук.

    Околу половина од Бугарите се противат на усвојувањето на еврото, плашејќи се дека тоа ќе влијае на суверенитетот на земјата и дека трговците ќе го искористат преминот од националната валута лев во евро за да ги зголемат цените. Претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард овој месец предупреди дека инфлацијата може да скокне кога балканската држава ќе се приклучи на еврозоната.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира