Шеснаесет лица со попреченост учествуваа на модна ревија во Струмица во рамките на манифестацијата „Убави сме, свои сме“ што ја организира здружението за поддршка на лицата со Даунов синдром „Вера“. Облечени во креации од спонзори и во придружба на познати личности во заедницата, децата покажаа дека умеат и знаат да бидат и манекени само ако некој им помогне.

Модната ревија ја отвори градоначалникот на Струмица Петар Јанков со 15- годишните Јагмур и Дамла од Радовиш (Фото: СДК.МК)
„Нашата цел е да ја испратиме пораката дека лицата со попреченост можат и умеат, само некој треба да им подаде рака и да бидат дел од заедницата. Често знам да кажам дека секој од нас е лице со попреченост, но нас не нѐ етикетираат како овие деца. Затоа апелираме да нема различности, бидејќи сите сме убави на свој начин и вредиме во ова општество“, кажа Анче Туфекчиева од здружението „Вера“, кое по деветти пат ја организира хуманитарната модната ревија.
Публиката секоја година донира средства за потребите на лицата со Даунов синдром.
Модната ревија ја отвори градоначалникот на Струмица Петар Јанков со 15- годишните Јагмур и Дамла од Радовиш, ученички во училиштето „Крсте Петков-Мисирков“.
Ревијата ,освен во Струмица, се организираше и во Радовиш и Валандово. Во овие 9 години учествувале околу 200 деца со попреченост.
В. ТРАЈКОВ





