АДЕМ ЧУЧУЉ, НАЈДОБРО ОЦЕНЕТИОТ КАНДИДАТ ОД СИТЕ ПРИЈАВЕНИ, ЕДНОГЛАСНО ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈА

    АДЕМ ЧУЧУЉ, НАЈДОБРО ОЦЕНЕТИОТ КАНДИДАТ ОД СИТЕ ПРИЈАВЕНИ, ЕДНОГЛАСНО ИЗБРАН ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА АНТИКОРУПЦИСКАТА КОМИСИЈАЧучуљ е актуелен генерален секретар на Антикорупциската комисија во која работи 19 години. (Фото: СДК.МК)

    Собранието денеска едногласно го избра Адем Чучуљ за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата  (ДКСК). За него гласаа сите 82 присутни пратеника.

    Чучуљ е актуелен генерален секретар на Антикорупциската комисија во која работи 19 години. Тој доби највисоки оценки од Комисијата за селекција на кандидатите – 96,5 бодови. Дипломиран правник е, со положен правосуден испит. Од вкупно 13 пријавени кандидати на огласот, беа селектирани 10.

    Чучуљ доаѓа на местото на Татјана Димитровска, која си поднесе оставка откако за неа се отвори истрага а потоа беше поднесено и обвинение во случајот „Адитив“ за оддавање службена тајна на еден од главните обвинети во овој предмет, но и за компјутерски фалсификат, бидејќи истражителите во нејзиниот телефон открија дека му дала шифра на колега да полага за сертификат место неа.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира