МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИГРА СО МЕКСИКО, ЈУЖНА АФРИКА И ЈУЖНА КОРЕЈА АКО СЕ ПЛАСИРА НА СП 2026

    МАКЕДОНИЈА ЌЕ ИГРА СО МЕКСИКО, ЈУЖНА АФРИКА И ЈУЖНА КОРЕЈА АКО СЕ ПЛАСИРА НА СП 2026Ова ќе биде прво светско првенство што ќе се игра во три држави (Фото: АП)

    Македонската фудбалска репрезентација ќе игра со Мексико, Јужна Африка и Јужна Кореја ако се пласира на Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико. Ова е резултатот на денешната ждрепка на 12-те групи, што се одржа во центарот „Кенеди“ во Вашингтон.

    За да стигне до својот прв мундијал, Македонија мора да победи уште две селекции: прво ќе игра против Данска на гостински терен во полуфиналето на плеј-офот, а ако ја елиминира, во финалето ќе се сретне со победникот на дуелот Чешка-Република Ирска. Полуфиналните мечеви се на 26 март, а финалните пет дена подоцна.

    Составот на групите на СП:
    А: Мексико, Јужна Кореја, Јужна Африка, МАКЕДОНИЈА/Данска/Ирска/Чешка
    Б: Канада, Швајцарија, Катар, Италија/Велс/БиХ/Северна Ирска
    Ц: Бразил, Мароко, Шкотска, Хаити
    Д: САД, Австралија, Парагвај, Турција/Романија/Словачка/Косово
    Е: Германија, Еквадор, Брегот на Слоновата Коска, Еквадор
    Ф: Холандија, Јапонија, Тунис, Украина/Шведска/Полска/Албанија
    Г: Белгија, Иран, Египет, Нов Зеланд
    Х: Шпанија, Уругвај, Саудиска Арабија, Зелен ‘Рт
    И: Франција, Сенегал, Норвешка, Ирак/Боливија/Суринам
    Ј: Аргентина, Алжир, Австрија, Јордан
    К: Португалија, Колумбија, Узбекистан, ДР Конго/Јамајка/Нова Каледонија
    Л: Англија, Хрватска, Панама, Гана

    Ова ќе биде најдолгото и најобемно светско првенство досега. Ќе трае од 11 јуни до 19 јули и за тој период ќе се одиграат 104 натпревари, 40 повеќе од досега, зашто ова ќе биде прв мундијал со 48 учесници.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира