Силен земјотрес со магнитуда од 7,6 степени по Рихтеровата скала го погоди доцна денеска крајбрежјето на северна Јапонија, предизвикувајќи цунами до 50 сантиметри во заедниците на брегот на Тихиот Океан и предупредувања за потенцијално поголеми бранови, соопшти Јапонската метеоролошка агенција. Неколку лица се повредени, објавија медиумите.
Земјотресот се случил околу 23:15 часот по локално време (14:15 часот по Гринич) во Тихиот Океан, околу 80 километри од брегот на Аомори, најсеверната префектура на главниот остров Хоншу во Јапонија, соопшти агенцијата. Цунами од 50 сантиметри беше измерено во пристаништето Куџи во префектурата Ивате, веднаш јужно од Аомори, а нивоата на цунами од 40 до 50 сантиметри ги погодија другите крајбрежни заедници во регионот, соопшти агенцијата.
Агенцијата издаде предупредување за потенцијални бранови од цунами до 3 метри во некои области, а главниот секретар на кабинетот ги повика жителите веднаш да се упатат кон повисоки места или да се засолнат во згради или центри за евакуација додека не се укине предупредувањето.
Неколку лица беа повредени во хотел во градот Хачинохе во Аомори, а еден човек во градот Тохоку беше полесно повреден кога неговиот автомобил падна во дупка, објави јавниот радиодифузен сервис НХК. Властите целат дека нуклеарните централи во регионот спроведуваат безбедносни проверки и оти досега не се откриени проблеми.
Земјотресот се случил на околу 80 километри североисточно од Хачинохе и на околу 50 километри под површината на морето, соопшти метеоролошката агенција.



