УНЕСКО ЈА ПРИЗНА ИТАЛИЈАНСКАТА КУЈНА КАКО НЕМАТЕРИЈАЛНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО

    УНЕСКО ЈА ПРИЗНА ИТАЛИЈАНСКАТА КУЈНА КАКО НЕМАТЕРИЈАЛНО КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВООва е првпат една национална кујна да добие вакво признание (Фото: Гети)

    УНЕСКО ја призна италијанската кујна како нематеријално културно наследство и индустриските групи веруваат дека овој потег ќе го поттикне туризмот.

    Дваесеттата сесија за нематеријално културно наследство се одржува во Њу Делхи, а меѓу нови имиња на листата се хиндуистичкиот фестивал Дивали и неговите традиции и базенската култура во Исланд.

    „Ние сме првите во светот кои го добиваме ова признание, кое му оддава почит на нашиот идентитет, на тоа кои сме. Бидејќи за нас Италијанците, кујната не е само храна или збирка рецепти. Таа е многу повеќе: таа е култура, традиција, работа и богатство“, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони.

    Статусот означува успешен крај на тригодишната кампања на италијанското министерство за земјоделство за признавање на традиционалниот начин на одгледување, берба, подготовка и сервирање храна во земјата.

    „Чинот на готвење во Италија ја надминува едноставната нутритивна потреба, станувајќи сложена секојдневна практика“, кажа Пјер Луиџи Петриљо, еден од уредниците на предлогот на Италија.

    „Ние веќе извезуваме 70 милијарди евра во земјоделско-прехранбени производи и сме водечка економија во Европа во однос на земјоделската додадена вредност. Ова признание ќе ѝ даде нов поттик на италијанската економија“, кажа Мелони.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира