Сто пензионери од Штип кои се со најниска пензија и се регистрирани преку Меѓуопштинскиот центар за социјални работи, од Општина Штип ќе добијат по 6.000 денари финансиска помош, најави градоначалникот на Штип, Иван Јорданов.
„Оваа финансика поддршка на најзагрозените граѓани пензионери е дел од Програмата за социјална заштита за 2025 насловена ‘Социјална сигурност за стари лица’. Главна цел на оваа општинска помош е подобрување на состојбата на пензионерите во пресрет на новогодишните и божиќните празници, со што Општина Штип ја потврдува својата посветеност кон најранливите категории граѓани“, вели Јорданов.
Средствата во вкупен износ од 600.000 денари (околу 10.000 евра) на стоте пензионери ќе бидат исплатени во наредните неколку дена.
Т. ЈОВАНОВСКИ



