САД Ѝ НУДАТ НА УКРАИНА БЕЗБЕДНОСНИ ГАРАНЦИИ НАЛИК НА НАТО

    САД Ѝ НУДАТ НА УКРАИНА БЕЗБЕДНОСНИ ГАРАНЦИИ НАЛИК НА НАТОЗеленски најави дека Украина е спремна да се откаже од членство во НАТО во замена за западни безбедносни гаранции. (Фото: АП)

    САД се подготвени да ѝ понудат на Украина безбедносни гаранции налик на НАТО за да се заштити евентуален прекин на огнот, беше кажано по дводневните разговори со европски функционери и украинска делегација во Берлин. Американски функционери кажаа дека „многу силните гаранции“ би биле обликувани според Членот 5 на НАТО, кој предвидува колективна и заемна заштита, надевајќи се дека и Русија ќе го прифати тоа.

    Володимир Зеленски изјави дека разговорите биле продуктивни, но не и лесни и дека територијалните отстапки остануваат најболното прашање. САД бараат од Украина да ги повлече своите сили од регионот Доњецк.

    Бараме јасно разбирање за безбедносни гаранции пред да донесеме одлука за кое било спорно прашање“, изјави Зеленски.

    Тој претходно најави дека Украина е спремна да се откаже од барањето за членство во НАТО во замена за западни безбедносни гаранции.

    Безбедносните гаранции што ги нудат САД се платинест стандард. Сепак, понудата нема да биде на маса засекогаш“, рекоа американски функционери.

    Тие велат дека САД предлагаат претворање на Доњецк во слободна економска зона, што подразбира повлекување на украинските сили, кои и натаму контролираат два големи града во овој регион. Сепак, Москва сè уште не се согласила со ниту една промена за кои се дискутираше во Берлин и не покажала никаква подготвеност да го стори тоа.

    „Се обидуваме да го постигнеме тоа. Имавме бројни разговори со Путин и мислам дека сега сме поблиску од кога било до договор“, кажа Доналд Трамп.

    Европските лидери претпазливо го поздравија очигледниот пресврт на администрацијата на Трамп во однос на безбедносните гаранции за Украина.

    „За првпат откако започна војната, можноста за прекин на огнот е замислива“, рече германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој беше домаќин на состаноците.

    Зеленски изјави дека ќе побара од САД да воведат санкции за Русија и да ѝ обезбедат на Украина повеќе оружје доколку Москва ги отфрли предлозите што се дискутираат помеѓу Киев, Вашингтон и европските лидери.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира