НИК РАЈНЕР СЕ СООЧУВА СО СМРТНА КАЗНА ЗА УБИСТВОТО НА РОДИТЕЛИТЕ РОБ И МИШЕЛ РАЈНЕР

    НИК РАЈНЕР СЕ СООЧУВА СО СМРТНА КАЗНА ЗА УБИСТВОТО НА РОДИТЕЛИТЕ РОБ И МИШЕЛ РАЈНЕРНик Рајнер со нож го убил својот славен татко (Фото: Гети)

    Ник Рајнер се соочува со смртна казна откако обвинителството на Лос Анџелес и службено го обвини за убиство на неговите родители Роб и Мишел Рајнер. Легендарниот режисер и актер и неговата сопруга беа пронајдени мртви во неделата во нивниот дом во Брентвуд, Калифорнија.

    Ник Рајнер се соочува со две точки од обвинението за убиство од прв степен со посебна околност за повеќекратно убиство, изјави окружниот обвинител Нејтан Хохман. Тој би можел да биде осуден на доживотен затвор без можност за условна слобода или на смртна казна ако биде прогласен за виновен.

    Засега не е донесена одлука дали ќе се бара смртна казна за 32-годишниот Ник Рајнер“, кажа Хохман.

    Тој исто така е обвинет за користење „опасно и смртоносно оружје“, кое било нож.

    Ник е второто од трите деца на Роб и Мишел Рајнер, кои беа во брак од 1989 година. Работел како сценарист, при што е најпознат по полуавтобиографскиот филм „Being Charlie“ од 2016, што го режираше татко му. Американските медиуми објавија дека Ник неколкупати се лекувал од зависност од дрога, врз што е заснован филмот „Being Charlie“.

    Роб Рајнер (78) ја почнал актерската кариера во 1960-тите, а како режисер дебитираше во 1984 година со комедијата за измислен хеви метал бенд „Ова е Спајнл тап“, што му донесе дополнителен успех во Холивуд. Следеше уште еден култен филм, „Остани со мене“ (1986), драма заснована врз роман на Стивен Кинг, а потоа и „Принцезата невеста“ (1987), „Кога Хари ја сретна Сали“ (1989), „Мизери“ (1990) и „Неколкумина добри луѓе“ (1992), за кој ја доби единствената номинација за Оскар.

    Мишел Сингер Рајнер (68) беше актерка, фотографка и продуцентка. Со Роб Рајнер се запознале на снимањето на „Кога Хари ја сретна Сали“.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира