ТРАМП ЈА СУСПЕНДИРАШЕ ЛОТАРИЈАТА ЗА ЗЕЛЕНА КАРТА ЗА САД ПО ПУКАЊЕТО НА УНИВЕРЗИТЕТОТ БРАУН

    ТРАМП ЈА СУСПЕНДИРАШЕ ЛОТАРИЈАТА ЗА ЗЕЛЕНА КАРТА ЗА САД ПО ПУКАЊЕТО НА УНИВЕРЗИТЕТОТ БРАУННападот го извршил Португалец кој влегол во земјата преку лотаријата за имигрантски визи во 2017 (Фото: АП)

    Доналд Трамп ја суспендираше лотаријата за зелена карта за САД по масовното пукање на Универзитетот Браун, кога беа убиени двајца студенти. Полицијата го идентификуваше убиецот како 48-годишниот Португалец Клаудио Невес Валенте, кој беше пронајден мртов шест дена подоцна откако се самоубил.

    Тој влегол во земјата преку лотаријата за имигрантски визи во 2017 година и му била доделена зелена карта. Се верува дека Валенте го убил и професорот на универзитетот МИТ, Нуњо Гомес Лоуреиро, на 15 декември. Мотивот за убиствата засега не е познат.

    Министерката за внатрешна безбедност Кристи Ноем изјави дека ја паузирала визната шема по наредба на Трамп за да „се осигури дека повеќе нема да има повредени Американци од оваа катастрофална програма“.

    Оваа програма овозможува до 50.000 визи секоја година преку процес на случаен избор на апликанти од земји со ниски стапки на имиграција во САД.

    Ноем рече дека Трамп се залагал за прекинување на шемата и во 2017 година, откако осум лица беа убиени во напад со камион во Њујорк. Според Ноем, узбекистанскиот државјанин Сајфуло Саипов, поддржувач на Исламска држава кој отслужува неколку доживотни затворски казни за нападот, влегол во САД преку оваа шема.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира