ПОЧИНА АКТЕРОТ ЛАЗЕ МАНАСКОВ

    ПОЧИНА АКТЕРОТ ЛАЗЕ МАНАСКОВМанасков од 1983 до 2022 година работеше во скопскиот Драмски театар (Фото: Википедија)

    На 67-годишна возраст почина театарскиот, филмски и телевизиски актер Лазе Манасков, објави неговата матична куќа Драмски театар од Скопје, каде што го помина целиот работен век.

    Роден на 27 март 1958 во Скопје, Манасков дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Од 1983 година работеше во скопскиот Драмски театар, каде што остана до пензионирањето во 2022.

    Покрај многубројните улоги на театарската сцена, Манасков оствари плодна кариера и на филм и телевизија. Глумеше во филмовите „Големата вода“, „Сенки“, „Исцелител“, „Врба“, „Хомо“ и „Кајмак“, како и во ТВ-сериите „Трст виа Скопје“, „Тврдокорни“, „Преспав“, „Фамилијата Марковски“, „Бистра вода“ и други.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира