ГОЦЕ СЕДЛОСКИ ИЗБРАН ЗА НОВ СЕЛЕКТОР НА МАКЕДОНСКАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА

    ГОЦЕ СЕДЛОСКИ ИЗБРАН ЗА НОВ СЕЛЕКТОР НА МАКЕДОНСКАТА ФУДБАЛСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАСедлоски ќе се обиде да ја пласира Македонија на СП 2026 (Фото: ФФМ)

    Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го избра Гоце Седлоски за нов селектор на А-репрезентацијата, заменувајќи го Благоја Милевски. Седлоски беше предлог на Комисијата за избор на селектор, составена од Масар Омерагиќ, Горан Пандев, Николче Новески, Агим Ибраими и Марјан Стојковски.

    Седлоски е првиот македонски фудбалер кој собра 100 настапи за репрезентацијата и во еден момент беше в. д. селектор на репрезентацијата.

    Тренерската кариера ја започна во 2010 и притоа ги водеше Турново, Вардар, Рига, Шкупи, Влазнија, Работнички и вториот тим на Динамо Загреб. Од минатата година повторно беше тренер на Вардар.

    Милевски беше селектор од септември 2021 и ФФМ не му го продолжи мандатот по завршувањето на квалификациите за Светското првенство 2026 во САД, Канада и Мексико. На тој начин, Седлоски ќе ја продолжи работата во плеј-офот, каде што Македонија игра со Данска во полуфиналето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира