СЕ РЕКОНСТРУИРА ПРЕВОЈОТ ПРЕСЕКА НА ПАТОТ КИЧЕВО – ОХРИД ВО ДОЛЖИНА ОД 11 КИЛОМЕТРИ

    СЕ РЕКОНСТРУИРА ПРЕВОЈОТ ПРЕСЕКА НА ПАТОТ КИЧЕВО – ОХРИД ВО ДОЛЖИНА ОД 11 КИЛОМЕТРИПресека претставува главна артерија за спојување на Кичево со Охрид и Струга, но и за спојување на Скопје со Струга и Охрид. (Фото: Принтскирн видео МТВ)

    Во тек е целосна реконструкцијата на превојот Пресека во должина од 11 километри на патот Кичево – Охрид. Патот на превојот Пресека е уништен и со многу дупки иако е главна артерија за спојување на Кичево со Охрид и Струга.

    „Се работи за проект за рехабилитација на 11 километри патен правец, што е од огромно значење за подобрување на безбедноста во патувањето и ќе го олесни поврзувањето на главниот град со Охрид и Струга“, вели министерот за транспорт и врски Александар Николоски.

    Тој вчера на увид на градежните работи на автопатот Охрид-Кичево кажа дека се изведуваат сложени инженерски и градежни зафати и ова за прв пат се изведува во регионот, а се со цел да се овозможи стабилизирање на косините и земјиштето од овој обем.

    „Ова го изведуваме за целосна доизградба и ставање во функција на безбедно автопатско решение. Ние досега само зборувавме колку е тежок овој проект. Сега се работи буквално на пробивање на планини, за косини коишто се од 100 до 200 метри, за земјиште коешто постојано се спушта до главната траса и за бројни проекти, кои што за жал 11 години откако почнал да се гради овој автопат не биле решавани”, кажа Николоски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира